ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург без „мечка“ и со три бека против „мечките“ (ФОТО)

Ракометарите на Металург вечерва ќе го одиграат заостанатиот натпревар од Лигата на Европа против рускиот првак Чеховски Медведи.

Тренерот Оливер Димитриоски ќе може да смета само на 11 ракометари за овој натпревар поради ковид и повреди кај дел од играчите.

Тука се голманите Дупјачанец и Ѓорѓески, крилата Поповиќ, Кофиловски, Хорват и Петковски, пикерот Митиќ, дефанзивецот Маркоски и трите бека, кои веројатно ќе мораат да го одиграат целиот меч – Рниќ, Додиќ и Серафимов.

Отсуствуваат пикерот Милан Лазаревски – Мечка, потоа Марко Тарабокија, Дарко Кондев, Мице Шилегов, Теодор Тодески…

Домашниот тим е комплетен, со Косоротов, Павленко, Кисељов, Кулак, Котов…Натпреварот меѓу „мечките“ и Металург се игра вечерва со почеток во 18:00 часот.