ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Металург без Кондев и Шилегов, Адемар Леон со едно лево крило (ФОТО)

Ракометарите на Металург вечерва ќе го одиграат вториот натпревар од новата сезона во Лигата на Европа. Ривал на тимот од Автокоманда ќе биде шпанскиот Адемар Леон, а металурзи до крајната дестинација патуваа повеќе од 40 часа со автобус.

Синоќа доцна пристигнаа во Леон, а утринава одржаа само полесен тренинг колку да го почувствуваат теренот во „Палатата на спортовите“. Во ростерот на тренерот Оливер Димитриоски ќе недостигаат крилата Дарко Кондев и Мице Шилегов, а на нивно место ќе играат Дарио Кофилоски и Александар Петковски.

Стратегот на шпанскиот тим нема да смета на двете леви крила Хаиме Фернандез и Хозе Марија Кариљо, па единствен на таа позиција ќе игра Адриан Каскеро.

Натпреварот меѓу Адемар Леон и Металург ќе се одигра вечерва со почеток во 20:45 часот, а ќе го судат португалските арбитри Даниел Фреитас и Цезар Кариљо.