ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија на мегдан со Романија – еве кои кадетки ќе играат

Женската кадетска репрезентација на Македонија денеска го игра премиерниот натпревар на Европското првенство.

Селекторот Кристијан Грчевски ги избра 16 ракометарки што ќе бидат во ростерот за дуелот со Романија.

Од оние 17 што се на располагање, од комбинација отпадна средниот бек Ева Ѓорѓиевска.

Натпреварот меѓу Романија и Македонија се игра во салата „Морача“ во Подгорица со почеток во 15:45 часот.