ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија без Седлоска, Босанките со ракометарка од Куманово (ФОТО)

Европската ракометна федерација ги објави ростерите на репрезентациите на Македонија и Босна и Херцеговина за вечерашниот натпревар од ЕХФ шампионат.

Стручниот штаб на нашата селекција нема да смета на левиот бек Андреа Седлоска, која има повреда на лигаментите, но денеска би требало да се знае дали ќе мора да паузира или следната недела ќе игра за националниот тим. Останатите девојки се подготвени за игра.

Во босанскиот состав има едно познато име, а тоа е ракометарката на Куманово, Хана Бечирхоџиќ. Средниот бек на Босна е една од најопасните во ривалот на Македонија, па нашата одбрана ќе треба да и посвети големо внимание.

Натпреварот меѓу Македонија и Босна и Херцеговина се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 20:30 часот.