ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Македонија без Митев против Австрија, се враќа Николоски!

Кадетите на Македонија денес на Светското првенство во Хрватска ќе ја бркаат третата победа.

Последен ривал на Македонија во главната рунда ќе биде репрезентацијата на Австрија.

Селекторот Раде Стојановиќ го одреди составот за денешниот дуел. Против Австрија нема да настапи Дамјан Митев, кој на вчерашниот дуел против Данска заработи незгоден удар, додека во игра се враќа Антонио Николоски.

Дуелот меѓу Македонија и Австрија ќе одлучи која од двете репрезентации ќе заврши на 3. позиција во групата Ц.

Натпреварот започнува со почеток од 17:30 часот.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!