ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Лазаров избра – еве кои 16 ракометари ќе играат против Луксембург

Машката репрезентација на Македонија денеска го игра претпоследниот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година.

Ривал на Македонија ќе биде составот на Луксембург, кој лесно беше совладан на првиот меч во Скопје со 38-24.

Селекторот Кире Лазаров го одреди ростерот за денешната пресметка на која нема да настапат Павле Атанасијевиќ и Давид Савревски.

Натпреварот меѓу Луксембург и Македонија се игра вечерва со почеток во 20:15 часот, а се освен убедлива победа на нашите ракометари би било сензација.