ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм Пелистер со едно лево крило против Тримо, камбек на Граџан (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер денеска ќе одиграат нова средба во Лигата на Европа и ќе се обидат да дојдат до прв триумф сезонава. Откако во минатото коло загубија на гостувањето во Словенија сега на домашен терен против истиот ривал ќе имаат обид да надоместат и да стигнат до првиот триумф.

Ова ќе биде тешка задача за битолчани, но тие дефинитивно можат да стигнат до бодовите на оваа средба така што ќе биде интересно на теренот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.

Тренерот Жељко Бабиќ се реши во составот да биде само едно лево крило – Бојан Маџовски, а на местото на Гоце Ојлески кој играше во Словенија, во тимот влегува пикерот Елмир Граџан.

Повторно надвор од ростерот се десното крило Милан Ѓукиќ и левиот бек Дејан Кукуловски. Во словенечкиот состав не се левото крило Дарко Цингесар и средниот бек Марко Котар.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Тримо Требње започнува од 20:45 часот.