ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Еурофарм брка прва гостинска победа кај Татран Прешов (ФОТО)

Ракометарите на Еурофарм Работник денеска ќе ги одмерат силите со тимот на Татран Прешов во 6. коло од Лигата на шампионите, а ќе се обидат да се вратат со бодови од ова тешко гостување. Составот од Словачка, кој успеа да дојде до бодови во Битола победувајќи со 24:23 сега ќе се обиде да го направи истото и на домашен терен.

Затоа на Еурофарм Работник е да се обиде да се избори за добар резултат, но ќе мора да нападне од почеток и да стави до знаење дека може многу подобро. Паузата сигурно ќе даде резултат, а ова ќе биде показател во кој правец ќе се движи вториот дел од сезоната во Лигата на шампионите.

Веќе се познати составите на двата тима што ќе се појават во салата во Прешов. Македонскиот клуб ќе биде без Милорад Кукоски, Михаил Петровски и Никола Маркоски. Натпреварот меѓу Татран и Еурофарм започнува во 18:00 часот.