ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ – еве со кои 16 ракометари Македонија ќе брка победа против Јужна Кореја

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра последниот натпревар на Светското првенство во Полска и Шведска.

Македонската селекција, откако не ја мина групната фаза и се пресели во Президент Купот, денес против Јужна Кореја ќе игра за 27 место на Мундијалот.

Селекцијата од Азија на дел од натпреварите на шампионатот покажа квалитет, па така избраниците на Кире Лазаров ќе треба максимално да влезат во натпреварот за да остварат поволен резултат.

Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, се одлучи на овој натпревар од составот да го изостави десното крило Гоце Георгиевски.

Членот на Вардар не беше во составот и на претходниот дуел против Мароко.

Македонија: Томовски, Митревски, Костески, Манасков, Атанасијевиќ, Стојковиќ, Маркоски, Петров, Пешевски, Талески, Младеновиќ, Ѓоргиев, Кузмановски, Серафимов, Џонов, Савревски

Натпреварот меѓу Македонија и Јужна Кореја ќе стартува од 18:00 часот, а ќе се игра во „Орлен Арена“ во Плоцк.