ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Вардар со Дисингер, Карапалевски и Кантегрел, ПИК Сегед без Житников (ФОТО)

Ракометарите на Вардар денеска ќе го одиграат одожениот натпревар против унгарскиот ПИК Сегед.

Стратегот Стевче Алушовски во ростерот вечерва ќе ги има германскиот бек Кристијан Дисингер и францускиот голман Робен Кантегрел. Тука е исто така и плејмејкерот Мартин Карапалевски.

Ги нема Томислав Јагуриновски, Димитар Димитриоски, Марко Кизиќ и Марко Мишевски. Кај гостите ќе недостига средниот бек Дмитри Житников.

Натпреварот меѓу Вардар и ПИК Сегед се игра вечерва во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18:00 часот.