Данска и Шпанија за титулата на кадетското СП, Франција против Данска за европското злато

Денес на Светското кадетско првенство во Хрватска, како и на Европското кадетско првенство во Црна Гора беа одиграни полуфиналните дуели.

На кадетскиот Мундијал во финалето ќе играат репрезентациите на Данска и Шпанија, кои во полуфиналните дуели славеа против Египет, односно Хрватска.

Репрезентацијата на Египет, која на Светското првенство во Македонија (2019) го освои златото, немаше сили да ја надигра разиграната Данска и беше поразена со 39:35 (23:18).

Шпанија во дуелот со домаќинот немаше многу големи проблеми и славеше убедлива победа со осум гола разлика, 37:29 (15:11).

За 5. позиција ќе се борат Португалија и Германија, додека за 7 место дуел ќе имаат Фарски Острови и Норвешка.

На Европското првенство во женска конкуренција во финалето ќе играат Данска и Франција.

Данска во полуфиналето ја совлада Хрватска со 21:20 (14:12) и си избори билет за финалето.

Франција во полуфиналниот дуел против Германија триумфираше со пет гола разлика, 26:21 (15:14).

Унгарија и Србија ќе играат во дуелот за 5 место, а домаќинот Црна Гора против Холандија ќе се бори за седмо место на ЕП.

Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!