Познати саатниците за пријателскиот двомеч меѓу Македонија и Србија

Машката Б репрезентација на Македонија на 19 и 20 јуни ќе одигра две пријателски средби против селекцијата на Србија.

Првиот натпревар на 19 јуни во Ниш ќе се игра со почеток во 18:00 часот, додека вторио дуел на 20 јуни ќе се игра од 16:00 часот.

Селекторот Кире Лазаров ќе користи играчи само од домашната Суперлига, без интернационлци, додека српскиот селектор ќе има во ростерот ракометари што играат во странство.

Нашата селекција ќе ги започне подготовките на 16 јуни во Скопје и ќе има само три дена тренинзи пред заминувањето за Ниш.