Познати саатниците за Куп двобоите – ракометен маратон во Охрид

Од 11 до 13 мај во СРЦ „Билјанини Извори“ од Охридн ќе се играат средбите од завршните турнири во Купот на Македонија, а организаторот веќе ги потврди саатниците за натпревари.

Четврток е резервиран за полуфиналните натпревари од машка конкуренција кои ќе се играат од 17:30 и од 20:00 часот.

Во истите термини ќе се играат полуфиналните средби во женскиот дел од турнирот во петок, додека в сабота на програмата се финалните натпревари.

Од 15:00 часот ќе се игра женското финале, додека од 18:00 часот е машкиот финален натпревар.

Куп на Македонија, распоред:

11 мај
17:30, Еурофарм Пелистер – Пролет
20:00, Алкалоид – Вардар

12 мај
17:30, Металург – Куманово
20:00, Вардар – Ѓорче Петров

13 мај
15:00, финале жени
18:00, финале мажи