Познати полуфиналните двојки на Ф4 кај младинците

На едно коло пред крајот на регуларниот дел од Младинската лига во машка конкуренција познати се полуфиналните двојки.

Иако има да се одигра уште по еден натпревар, веќе се знаат победниците на четири групи, а тие на Ф4 ќе вкрстат по принципот А1-Г1, Б1-В1.

Првопласираниот Алкалоид од групата А, на завршниот турнир ќе се соочи со Прилеп, кој ќе биде најдобар во групата Г.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2, кои се првопласирани во групите Б и В.

Допрва ќе биде познат домаќинот на завршниот турнир во младинската конкуренција и распоредот на натпревари што ќе се играат на 22 мај.