Познати официјалните лица во ЛЕ: Романци за Металург, Чеси за Бутел Скопје

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за првото квалификациско коло во Лигата на Европа. За двете средби на Бутел Скопје, против унгарскиот Ѓенѓеш кои ќе се играат на теренот на ривалот, се делегирани арбитри од Чешка.

Поради ситуацијата со корона, да се избегнат долги и сложени патувања, ЕХФ делегираа судии од околните земји каде што се игра, а делегатите се од земјата домаќин.

Натпреварите меѓу Бутел Скопје и Ѓенѓеш ќе се одиграа на 28 август (19:00) и на 29 август (18:00), а ќе ги судат Чесите Лукаш Фришер и Михаел Харамул, додека делегат на двете средби ќе биде Балаж Сос од Унгарија.

На првата средба меѓу Металург и Спачва во Автокоманда, која ќе се игра на 29 август од 19:00 часот, арбитри ќе бидат Арсин и Ердоан Витаку, а делегат Ацо Николовски од Македонија.

На реванш натпреварот меѓу истите ривали во Винковци, кој ќе се одигра на 5 септември од 19:30 часот, правда ќе делат Романците Дору Манеа и Раду Илиески, а делегат ќе биде Владимир Сокол од Хрватска.