Познати двојките на Супер Глоуб, Барса стартува против Замалек

Неофицијалното клупско светско првенсто и оваа година ќе се одржи во Саудиска Арабија во градот Џеда, а ќе учествуваат десет клубови од сите континенти меѓу кои ќе играат и два клуба од Саудиска Арабија.

14 издание на Супер Глоуб ќе се одржи од 5 до 9 октомври и ова ќе биде вторпат во историјата Саудиска Арабија да биде домаќин. Македонија ќе има свои претставници во судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, како и во ракометарот на Сан Франциско, Славе Јовановски.

Барселона ќе ја брани титулата а натпрeварувањето ќе го започне од четвртфиналето каде што за противник ќе го има шампионот на Африка, Замалек. Претставник од Јужна Америка е Пињеирос кој првиот меч ќе го игра против една од домашните екипи Ал Нор.

Магдебург како победник во Лигата на Европа доби покана да настапува на Супер Глоуб и натпреварувањето ќе го започне со квалификациски натпревар за четвртфинале против Сиднеј Универзитет кој ја претставува Океанија. Победникот ќе игра во четвртфинале против катарскиот Ал Духаил.

Финалистот од минатата сезона во Лигата на шампионите Алборг во четвртфиналето ќе игра против подобриот од квалификацискиот дуел помеѓу претставникот на Северна Америка, Сан Франциско и вториот домашен тим Ал Веда.

СУПЕР ГЛОУБ, РАСПОРЕД:

5 ОКТОМВРИ
СИДНЕЈ УНИВЕРЗИТЕТ – МАГДЕБУРГ
АЛ ВЕДА – САН ФРАНЦИСКО

6 ОКТОМВРИ
СИДНЕЈ УНИВЕРЗИТЕТ/МАГДЕБУРГ – АЛ ДУХАИЛ
АЛ ВЕДА/САН ФРАНЦИСКО – АЛБОРГ
АЛ НОР – ПИЊЕИРОС
БАРСЕЛОНА – ЗАМАЛЕК