Познати двојките за првиот бараж за СП 2023, Македонија ќе чека на ждрепка во ноември

Во седиштето на Европската ракометна федерација денеска беа одредени двојките за првиот бараж за Светското првенство што ќе се игра во Норвешка, Данска и Шведска во 2023 година.

Ќе бидат одиграни девет двобои, а на победниците ќе им се придружи Чешка, па овие десет тима ќе бидат во вториот шешир пред ждрепката за вториот бараж. Македонија поради настапот на ЕП 2022 e пласирана директно во вториот бараж и ќе биде во прв шешир, па ќе чека на ждрепка во ноември.

Директно место на СП имаат обезбедено трите домаќини, како и светскиот првак Франција, а од ЕП на Мундијалот одат и двата финалисти. Доколку некоја од селекциите на Данска, Норвешка, Шведска и Франција е во финале, селекциите под нив ќе обезбедат мундијалски билет.

Селекциите од ЕП што нема да обезбедат директно место на СП, а такви ќе бидат десет ќе играат против еден од победниците од деветте баражи плус Чешка. Меѓу можните противници има селекции против кои Македонија ќе има големи шанси да го прекине постот од настап на СП и да се пласира на светскиот собир по пауза од 16 години.

Светско првенство 2023 – Данска, Норвешка, Шведска

прв бараж (2/3 ноември, 5/6 ноември 2022)
Азербејџан – Португалија
Фарски Острови – Косово
Словачка – Летонија
Исланд – Израел
Грција – Босна и Херцеговина
Украина – Луксембург
Бугарија – Италија
Австрија – Финска
Велика Британија – Турција

втор бараж (7/8 април, 11/12 април 2023)
шешир 1: десет селекции од ЕП 2022
шешир 2: победници од девет двобои од првиот бараж + Чешка

Полесен пат до Мундијалот во 2023: Македонија директно во втор бараж