Познати групите од турнирот во Струга: Вардар ги избегна Еурофарм Пелистер и Металург

Од 12 до 15 август на отвореното игралиште на Женска плажа во Струга ќе се одржи 49. Струшки турнир на кој и годинава ќе има само екипи од Супер машката лига.

Актуелниот првак ќе го отвори турнирот против екипата на Струга, која е домаќин и овој дуел ќе биде одигран од 18:30 часот на 12 август. Секој ден ќе има по две средби така што по еден од тимовите ќе може да биде слободен.

Вардар ги избегна составите на Еурофарм Пелистер и Металург кои ќе играат во Групата Б заедно со ГРК Тиквеш. Дербито во Групата Б ќе биде вториот ден од 21 часот, а истото ќе оди во пренос на Македонската телевизија.

Во Групата А покрај Вардар и домаќинот е и составот на Бутел Скопје.

Инаку, финалето се игра на 15 август од 21:15 часот.