Познати групите и распоредот на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“

Организаторите на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ги објавија деталите за претстојното осмо издание во август.

Од 24 до 28 август на турнирот ќе играат шест македонски и две странски екипи поделени во две групи.

Во групата 1 ќе играат Прилеп, Скопје, Струга и српскиот тим Дубочица од Лесковац, кој минатата сезона го освои трофејот.

Во групата 2 ќе бидат Еурофарм Пелистер 2, Пролет, Мулти Есенс и финскиот тим Рихимаки Кокс.