Познати групите за ОИ: Франција против Шпанија и Германија, светскиот првак против домаќинот (ФОТО)

Денеска во седиштетото на Светската ракометна федерација беше извршена ждрепката за групите на Олимписките игри во Токио.

На машкиот турнир ќе гледаме интересни натпревари, а во групата А се најдоа Франција, Норвешка, Шпанија, Германија, како и јужноамериканските претставници Бразил и Аргентина, додека домаќинот Јапонија ја одбра групата Б со Египет, Бахреин, Данска, Шведска и Португалија.

На женскиот турнир посилна е групата Б во која се најдоа Русија, Шпанија, Унгарија, Бразил, Шведска и Франција, додека домаќинот Јапонија ја одбра групата А, во која се најдоа Холандија, Црна Гора, Норвешка, Јужна Кореја и Ангола.

Ракометните турнири на ОИ ќе се играат од 24 јули до 8 август.