Познати арбитрите што ќе им делат правда на Вардар и Кил

Следна обврска за ракометарите на Вардар ќе биде натпреварот против бундеслигашот Кил, што ќе биде одигран во Скопје на 12 октомври.

Европската ракометна федерација ги објави арбитрите за овој дуел, а станува збор за Швајцарците Артур Брунер и Морад Салах, додека делегатот доаѓа од Чешка – Јири Конечни.

Дуелот на 12 октомври ќе се игра од 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“. Швајцарците му суделе на Вардар минатата сезона против Кристијанштад во Скопје, кога нашиот тим убедливо победи.

Еурофарм Работник, пак, во четвртото коло од Лигата на шампионите, на 13 октомври ќе се соочи со словачкиот Татран Прешов на домашен терен од 17:00 часот.

ЕХФ ги одреди унгарските арбитри Миклош Андорка и Роберт Хакер да делат правда на овој натпревар, додека делегат е Синиша Рудиќ од Хрватска.