Познати арбитрите за женскиот Ф4, Јашар и Капсарева ќе го судат финалето на Купот

Ракометната федерација ги делегираше арбитрите за завршните турнири во Купот во машка и женска конкуренција.

На женскиот дел од турнирот (петок и сабота) ќе работат две женски и една машка судиска двојка. Првиот полуфинален двобој меѓу Куманово и Металург, им е доверен на Димитар и Дејан Георгиевски, додека делегат е Васил Чавдаров.

Второто полуфинале меѓу Вардар и Чаир ќе го судат Адриана Здравковска и Сања Божиновска, а делегат е Гордана Ѓоргеска.

Финалето што е на програмата в сабота, ќе го судат Лејла Јашар и Михаела Капсарева, кои во текот на целата сезона беа активни на македонските терени. Делегати на РФМ на овој дуел ќе бидат Цане Куртовиќ и Марјан Огњановски.

Куп на Македонија, Ф4, жени:

полуфинале, 14 мај
15:30 часот, Куманово – Металург
18:00 часот, Вардар – Чаир

финале, 15 мај
14:30 часот