Познати арбитрите за дербито Вардар – Еурофарм Пелистер, ќе има и двајца делегати!

Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 5 коло во суперлигашкиот плеј-оф и плеј-аут.

Големото дерби меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што е на програмата в недела на 26 март, ќе биде под арбитража на Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Делегати на средбата што ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.

Натпреварот ќе започне од 18:00 часот, а се очекува голема посетеност и присуство на навивачките групи „Комити“ и „Чкембари“.

Вардар и Еурофарм Пелистер се на првото и второто место на табелата со по 15 бодови по 4 одиграни кола.