ПОЗНАТИТЕ СОСТАВИТЕ: Победничкиот тим не се менува – со истите ракометарки и против Исланд (ФОТО)

Женската младинска репрезентација на Македонија денеска го игра последниот натпревар од ЕХФ шампионатот во Скопје.

Во борбата за петтото место, нашите ракометарки ќе се соочат со незгодната селекција на Исланд.

Селекторот Љубомир Савевски за дуелот со Исланд се реши за истиот состав што играше против Косово и Финска.

Натпреварот меѓу Македонија и Исланд се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 13:00 часот.