ПОЗНАТИТЕ СОСТАВИТЕ: Победничкиот тим не се менува, Лазаров со истите 16 ракометари во борбата за трофеј

Машката кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе игра во финалето на ЕХФ шампионатот во Скопје.

Ривал е селекцијата на Полска, која веќе ја совладавме во групната фаза, но сега момците на Лазаров ќе ги чека поинаков натпревар.

Селекторот се реши за истите играчи што играа против Полска и Швајцарија, а тоа значи дека надвор од ростерот се левиот бек Теодор Тодески и десниот бек Мартин Димовски, кои беа дел од дуелот со Грција.

Натпреварот меѓу Македонија и Полска се игра вечерва во СЦ “Борис Трајковски# од 18:00 часот.