Позитивен случај и во Мелсунген, виси учеството во Лигата на Европа!

Веќе се откажани осум средби во Лигата на Европа поради коронавирусот и познати три патници во следната рунда.

Во два двобои ќе се игра само по еден натпревар, а веројатно така ќе биде и на двобојот меѓу Мелсунген и данскиот Силкеборг.

Бундеслигашот објави дека има позитивен ракометар од нивниот тим на Ковид-19 и дека се откажани пријателските средби против Рајн Некар и Хановер.

Тимот треба да патува во Силкеборг викендов на меч од ЛЕ, но тој натпревар виси и веројатно ќе се одигра само еден викендот на 6 септември што ќе го даде патникот во второ коло.