ПОД СКЕНЕР: Какви состави имаат ривалите на Македонија на ЕП за ЕХФ неделата

Машката сениорска репрезентација на Македонија со двата натпревари против Турција и Италија во рамките на ЕХФ неделата ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка во јануари следната година.

Ривали на избраниците на Данило Брестовац ќе бидат домаќинот Австрија, Украина и Чешка. Навидум лесна група, но група во која секој може да победи секого. Како и Македонија, и останатите три ривали ќе одиграат пријателски натпревари. За разлика од нашата селекција, која веќе одигра два и ја чекаат уште два, Австрија, Чешка и Украина ќе одиграат само по две средби.

АВСТРИЈА

Состав: Томас Бауер (Порто), Томас Ехбергер (Грац), Флоријан Кајпер (Вест Виен), Јулијан Прачнер (Вест Виен), Себастијан Фримел (Кадетен), Александер Херман (Гумерзбах), Даниел Дикер (Грац), Никола Билик (Кил), Себастијан Шпендер (Тирол), Јакоб Јохман (Кремс), Хералд Цајнер (Алпла Хард), Јанко Божовиќ (Гумерзбах), Борис Живковиќ (Алпла Хард), Роберт Вебер (Нордхорн), Давид Брандфелдер (Маргаретен), Тобијас Вагнер (Маргаретен), Фабијан Пош (Кремс), Лукас Хербургер (Кадетен).

Селектор: Алеш Пајовиќ

Словенецот на клупата на Австрија, реши неговата селекција да игра два меча и тоа на домашен терен. Против Србија и Холандија ќе се игра во Грац, а Пајовиќ нема да смета на левото крило Раул Сантос, потоа голманите Кристијан Пилиповиќ и Никола Мариновиќ, како и бекот на Балинген, Ромас Кирвелиавичиус. Сепак има доволно ракометари од домашниот шампионат што ќе ги тестира и ќе види на кои од може ќе може да смета во иднина.

УКРАИНА

Состав: Антон Деревјакин (ЗТР Запорожје), Генади Комок (Мотор), Антон Терехов (Погон), Павло Гурковски (Мотор), Захар Денисов (Мотор), Владислав Донцов (Мотор), Олександр Шевелев (Еурофарм Работник), Дмитро Дорошчук (Мотор), Станислав Жуков (Мотор), Андриј Акименко (ЗТР Запорожје), Артем Козакевич (Мотор), Јуриј Кубатко (Мотор), Владислав Паровинчак (Мотор), Дмитро Илченко (ЗТР Запорожје), Максим Карамишев (Васлуи), Олександр Тилте (ЗТР Запорожје) Евген Жук (Пермски Медведи), Олександр Кириленко (Пермски Медведи), Сергеј Орловски (Гомел), Владисла Остроушко (Еурофарм Работник)

Селектор: Сергеј Бебешко

Украинскиот селектор за оваа акција и двете пријателски средби во Хамамет против Тунис нема да смета на можеби најдобриот ракометар – Сергеј Онуфриенко, официјално поради повреда, а Бебешко повика и еден повратник во тимот, а тоа е членот на Еурофарм Работник – Олексндр Шевелев. Тука е вториот „фармацевт“ Владислав Остроушко, но фалат уште неколку имиња како Евгениј Буњенко, голманот Кошевој, плјемејкерот кој игра во одлична форма во Полска – Роман Чичикало…Кои од овие ќе бидат во конкуренција за настап на ЕП, останува да видиме.

ЧЕШКА: Мартин Галиа (Горњик Забже), Томаш Мрква (Бергишер), Јакуб Хрстка (Десау), Јан Жбранек (Карвина), Павел Хорак (Кил), Матеј Клима (Дукла Прага), Доминик Солак (Карвина), Војтех Пацел (Дукла Прага), Томаш Бабак (Бергишер), Роман Бечвар (Либек), Патрик Фулнек (Копривице), Станислав Кашпарек (ПИК Сегед), Дедуне Мубензем (Хутенберг), Томас Чип (Баја Маре), Јакуб Штерба (Баер Дормаген), Јиржи Докупил (Жубри), Петр Шлахта (Дабас), Јан Ужек (Карвина)

Селектори: Јан Филип и Даниел Кубеш

Селекцијата на Чешка, ќе одигра два меча на гости кај Швајцарија, а двајцата предводници – Кубеш и Филип, за оваа акција не можат да сметаат на плејмејкерот кој секогаш играл добро против Македонија – Ондреј Здрахала, како и на пивотменот од Бундес лига, Леош Петровски. Главно тоа се ракометарите што ќе конкурираат за списокот и пред Европското првенство.

Контролни натпревари на ривалите на Македонија:

Украина – Тунис, 24 октомври, 19:00 часот
Австрија – Србија, 25 октомври, 19:00 часот
Швајцарија – Чешка, 25 октомври, 20:00 часот
Швајцарија – Чешка, 26 октомври, 18:00 часот
Украина- Тунис, 26 октомври, 19:00 часот
Австрија – Холандија, 27 октомври, 18:00 часот