Подравка донесе две засилувања – потпишаа Базалиу и Калаус

Екипата на Подравка најавува помладување на својот тим за следната сезона. Иако составот од Копривница не прикажува добри резултати во рамките од Лигата на шампионките, раководството на клубот продолжува со своите инвестирања, овој пат акцентот ќе биде ставен на млади таленти од Балканот.

Први засилувања за новата сезона се Лариса Калаус и Бјанка Базалиу. Калаус во Подравка ќе пристигне од екипата на Локомотива Загреб. Се работи за талентирана ракометарка која игра на позиција лев бек.

На Европското првенство во Данска со селекцијата на Хрватска го освои третото место и беше една од главните ракометарки во својата селекција. Договорот беше потпишан на две години со можност за продолжување.

Репрезентативката на Романија, Бјанка Базалиу ќе биде втората Романка во составот на Подравка по голманката, Јулија Думанска. Базалиу моментално е членка на романскиот првак ЧСМ Букурешт. Заедно со Калаус ќе бидат главните ракометарки на левата бековска позиција.