Подравка го намачи ФТЦ едно полувреме, но остана без бодови

Екипата на Подравка на гостувањето во Будимпешта кај ФТЦ се покажа во одлично светло, но падот на играта во вториот дел беше причина за загубениот натпревар кој заврши со триумф на домаќинот од 33:27.

Во неизвесно прво полувреме каде голманките на двете екипи, Думанска и Јанурик бранеа одлично, резултатот на пауза беше изедначен, 15:15.

Второто полувреме донесе поинаква игра, ФТЦ ги подобри своите напади и одбрана, додека екипата на Подравка немаше решение за противничките ракометарки кои ја казнуваа речиси секоја нивна грешка.

Ефикасен натпревар одигра репрезентативката на Холандија, Ангела Малештајн која беше најефикасна во редовите на ФТЦ со девет гола. Во тимот од Копривница, Дејана Милосављевиќ и Дијана Мугоша беа најефикасни со по пет гола.

Победи во денешните натпревари забележаа и Ростов Дон, Мец, Брест Бретањ, Вајперс Кристијансад и Ѓер.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ

РЕЗУЛТАТИ ОД 2. КОЛО

ГРУПА А

ЧСМ БУКУРЕШТ – РОСТОВ ДОН 27:30 (9:13)

ФТЦ БУДИМПЕШТА – ПОДРАВКА 33:27 (15:15)

БРЕСТ БРЕТАЊ – ЕСБЈЕРГ 26:23 (13:9)

НЕДЕЛА, 19 СЕПТЕМВРИ

16:00ч

БУДУЌНОСТ – БОРУСИЈА ДОРТМУНД

ТАБЕЛА: 1. Ростов 4 бода (56:51); 2. ФТЦ Раил Карго 3 (58:52); 3. Подравка 2 (56:55)…

ГРУПА Б

ОДЕНЗЕ – МЕЦ 21:27 (13:15)

ВАЈПЕРС КРИСТИЈАНСАД – САВЕХОФ 34:25 (15:11)

КРИМ – ЃЕР 26:31 (12;13)

НЕДЕЛА, 19 СЕПТЕМВРИ

14:00ч

ЦСКА МОСКВА – КАСТАМОНУ

ТАБЕЛА: 1. Ѓер 4 бода (66:55); 2. Мец 2 (27:21, -1 меч); 3. Кристијансанд 2 (63:60)…