Подновениот Еурофарм Пелистер 2 стартува со подготовки

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 денеска ќе ги започне подготовките за претстојната сезона со нов тренер и со промени во играчкиот ростер.

На местото на Александар Зарков, за тренер на вториот битолски тим е назначен Михаил Петровски. Поранешниот десен бек во стручниот штаб ќе ги има Васко Димитровски, Зоран Атанасовски и Иванчо Тодоровски.

Што се однесува до играчкиот кадар од екипата заминаа Никола Стоилевски (Охрид), Мартин Јовановски (Анортозис), Павле Петровиќ и Емилијан Ѓорговски (Еурофарм Пелистер) и Мерис Бошњак (Струга).

Тимот го засилија десниот бек Стефан Трпчевски, кој минатата сезона играше за шпанскиот Бургос, како и кружниот напаѓач Петар Маркоски, кој беше еден од најдобрите во Струга.

Битолчани како дел од подготовките ќе одиграат пријателските натпревари против првата екипа, а ќе бидат дел и од турнирот „Миле Нешкоски“ во Прилеп.