Погоди кој сум: Страшен судир на подготовките (ФОТО)

На подготовките за натпреварите од ЕХФ Еуро купот и Светското првенство во Египет, меѓу репрезентативците на Хрватска владее одлична атмосфера, но и големо ривалство.

Има борба за секоја топка и секој се труди да го даде својот максимум за да успее да се избори за место во тимот на натпреварувањето.

При таквите дуели некогаш може да дојде и до несакани повреди, а една таква се случи и на последниот тренинг.

Физиотерапевтот на репрезентацијата објави фотографии на социјалните мрежи на кои може да се види како изгледа окото на пивотот на репрезентацијата на Хрватска, Марино Мариќ после дуелот со Лука Шебетиќ.

POGODI KO SAM😀😀😀
croatiahandballteam
Nema lagano👊👊👊

Posted by Damir Kajba on Недела, 03 јануари 2021

 

Дека не се работи за нималку наивна повреда се гледа од отокот кој го има кај окото на Мариќ иако Шебетиќ бил играчот кој завршил на подот после судирот.