Победнички фотографии од соблекувална – Македонија го слави Џомба и седмо ЕП во низа! (ФОТО)

Македонија со победа од 30-27 (15-15) ја победи Турција и „црвено-жолтите“ се пласираа на ЕП 2024 година со пресврт во последните минути од мечот во Скопје.

Продолжува континуитетот со настапи на големите натпреварувања почнат во 2012 година, од кога Македонија постојано е дел од ЕП и СП.

Ова беше последен натпревар на Гоце Георгиевски во дресот со националниот грб и покрај пласманот на ЕП се славеше и неговата репрезентативна пензија.