Победнички старт за Стевче Алушовски на Исланд

Македонскиот стратег Стевче Алушовски имаше победнички старт на новиот предизвик со исландскиот тим Тор Акурејри.

Во првото коло од Втората лига на островот, Тор на домашен терен беше подобар од Хаукар 2 со два разика, 27-25.

Во поголем дел од натпреварот гостите одржуваа резултатска рамнотежа, но во финишот момците на Алушовски ја осигураа победата.

Следен предизвик за македонскиот стратег и Тор Акурејри ќе биде натпреварот против ИР на гости на 9 октомври.