Победнички старт за Алкалоид – убедливо совладан Металург РА

Новиот прволигаш Алкалоид имаше успешен старт на новата сезона во Првата лига, откако славеше над Металург РА со 37-18.

Домашните уште по првиот дел го решија прашањето на победникот бидејќи имаа предност од десет гола, 19-9. По 2-2, следуваше серија на домашните за 8-2 и веќе беше јасно каков натпревар ќе гледаме до крајот.

Во второто полувреме гостите не можеа да парираат на расположените домаќини. По 23-13, Тодески, Стојков, Иваноски…поведоа серија од десет гола за Алкалоид за 33-13.

Најдобри стрелци во Алкалоид беа крилата Стојков со девет и Кофилоски со седум гола, додека кај Металург РА по четири гола дадоа Прцуловски, Неданоски и Ангелески.