Победнички крај: Драмата во „полската војна“ по пенали ја доби Келце!

Дербито во Полска меѓу Келце и Висла Плоцк, со кое беше спуштена завесата оваа сезона во шампионатот, заврши 32-31.

Регуларниот дел заврши без победник, 29-29, но според правилата во Полска натпревар не може да заврши нерешено, па се шутираа пенали во кој домашните реализираа три пати, а гостите два.

Победничкиот гол беше дело на Бранко Вујовиќ.

Келце уште претходно ја обезбеди титулата, па овој двобој немаше натпреварувачко значење и беше само за престиж.

Кај домашните кои беа без семејството Душебаеви, се истакна Морито со осум, додека кај Висла Плоцк најдобар стрелец беше Крајевски со осум гола.