„Победа против Косово не е приоритет“

Ракометната репрезентација на БиХ под водство на новиот селектор Ирфан Смајлагиќ во Тузла ги одработува последните подготовки пред двомечот со Косово во рамки од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

БиХ во квалификациската група освен Косово, за ривали ги има и репрезентациите на Црна Гора и Словенија.

Токму од двете селекција (Црна Гора и Словенија) беше убедливо поразена на првите два квалификациски натпревари, во месец октомври минатата година, и својата шанса за трето место во групата, место кое носи пласман на континенталниот собир ќе ја бара во дуелот со Косово.

Како што е познато, пласман на ЕП 2024 ќе обезбедат прво и второпласираните од осумте квалификациски групи, како и најдобрите четири третопласирани селекции од осум групи.

,,Мора да се прилагодиме на околностите. Мислам дека ќе имаме тежок натпревар против репрезентација која игра на домашен терен, која е добро уиграна и агресивна, особено кога игра на свој терен, но мораме да дадеме максимум ако сакаме позитивен резултат. Натпреварите против Црна Гора и Словенија се решавачки бидејќи бодовите кои се бројат за третопласираната селекција ги исклучуваат освоените бодови против последната, четвртопласираната селекција. Иако овие натпревари не се решавачки, ние на секој натпревар одиме по позитивен резултат. Го молам секој играч да даде се од себе”, изјави Смајлагиќ.

Босанската репрезентација утре ќе му гостува на Косово во Приштина. Реванш дуелот е закажан за 12 март во Тузла.