Плус, минус, плус, минус….Грин го посака „среќата“ – ќе брани против Македонија

Чуварот на мрежата на Данска, Јаник Грин конечно доби добри вести во Дебрецин. Искусниот голман на ПЦР тестирањето доби негативен тест, по што веднаш се приклучи на тренинзите на својата репрезентација.

Веста беше официјално потврдена од Ракометната федерација на Данска преку социјалните мрежи.

За потсетување, Јаник Грин доби позитивен тест на стартот на подготовките на почетокот на јануари. По позитивниот тест на 3 јануари, тој беше изолиран во Данска.

Пред неколку денови доби негативен тест, пристигна во Унгарија, но голманот повторно излезе позитивен. На последното направено тестирање, Грин го посака среќата.

Селекторот на Данска, Николај Јакобсен на голманската позиција на располагање ги има плус двајцата одлични голмани, Никлас Ландин и Кевин Мелер.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра утре со почеток од 20:30 часот во „Феникс Арена“ во Дебрецин.