Пишман аџија: Стеинс потпишал за Келце, па се премислил

Холандскиот репрезентативец Лук Стеинс ја продолжи верноста кон францускиот ПСЖ до 2026 година, но малку фалеше да се пресели во Келце.

Претседателот на полскиот клуб, Бертус Сервас, на Твитер од поодамна им најавуваше на фановите на Келце дека е потпишан договор со одличен ракометар.

Дел од медиумите открија дека тоа е Стеинс, но Сервас не потврдуваше, ниту демантираше. Сепак откако ПСЖ објави дека е продолжена соработката со малиот Холанѓанецот, Сервас реши се обрати на Твитер.

Тој призна дека играчот со кој потпишал договор бил Лук Стеинс. Но во договорот имало клаузула, според која Стеинс може да го раскине договорот до јуни 2023 година, што и го направил.

Холанаѓанецот се премислил, поради таа клаузула Келце остана со празни раце, па Сервас мораше да им се извинува на фановите.