Питлик предвреме го напушти кормилото на Саудиска Арабија

Поранешниот тренер на ЖРК Вардар, Јан Питлик, повеќе нема да биде селектор на машката репрезентација на Саудиска Арабија.

Искусниот стратег во изјава за данската телевизија „Спорт ТВ2“ истакна дека немал голема желба да остане на кормилото на азиската репрезентација.

„Федерацијата ми понуди продолжување на договорот, но јас не бев заинтересиран. Имав договор до јули, но бидеќи нема репрезентативни собири до тој месец, двете страни се договоривме предвреме да си заминам”, изјави Питлик.

Питлик во месец август минатата година ја презеде селекторската функција на Саудиска Арабија и го наследи Дидие Динар.

Сепак, репрезентацијата на Саудиска Арабија на Светското првенство 2023, кое се одржуваше во Полска и Шведска, не успеа да ја мине групната фаза.

Саудиска Арабија за ривали ги имаше Полска, Словенија и Франција и на ниту еден дуел не успеа да оствари победи или реми.