Пионерките на Ф4 во Ѓорче Петров, покрај домаќинот ќе играат Скопје, Стружанка и Деспина

Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од групата фаза во женска пионерска конкуренција.

Екипите беа поделени во четири групи и по три дена натпревари, познати се патниците на завршниот турнир, кој ќе се игра в среда на 30 јуни.

Локацијата е населбата Ѓорче Петров во Скопје, а четирите средби ќе бидат одиграни во еден ден во салата „Христо Батанџиев“.

Најдобри по групи беа пионерките на Ѓорче Петров, Деспина од Прилеп, Стружанка и тимот на Скопје.

Пионерки, Ф4, распоред на натпревари:

10:00 часот, Деспина – Скопје
12:00 часот, Ѓорче Петров – Стружанка
17:30 часот, натпревар за трето место
19:30 часот, финале