Пино пристигна во Подгорица: Ф4 во Лигата на шампионите е нашата главна цел

Поранешната ракометарка на Вардар која пред извесно време потпиша за составот на Будуќност веќе пристигна во Подгорица. Таа беше претствена и го искажа својот прв коментар како ракометарка на шампионот на Црна Гора најавувајќи успешна сезона.

„Постојат големи очекувања од двете страни и драго ми е дека се враќам во Лигата на шампионите која ќе биде приоритет во новата сезона. Познавам повеќе од ракометарките на Будуќност бидејќи со некои од нив играв заедно, а имаме и многу меѓусебни дуели од минатото. Тимот го асилија неколку ракометарки, но ќе има повеќе искуство откако во последните неколку сезони составот го правеа неколку помлади ракометарки. Главната цел ни е место на завршниот турнир и за мене е тешко да мислам на нешто друго освен за ова“, изјави Пино после претставувњето во Будуќност.

Таа е една од четирите ракометарки кои пристигнаа во тимот покрај Андреа Лекиќ, Барбара Аренхајт и Валерија Маслова.