ПИК Сегед се врати од мртвите – губеше со седум гола, но на крајот „украде“ бод кај Кил!

Ракометарите на Кил пропуштија голема шанса да стигнат до нова победа во ЛШ. Иако во еден момент водеа против унгарскиот првак ПИК Сегед со седум гола, на крајот освоија само бод, 32-32.

Гостите отворија одлично и по 4-4, направија голема серија за водство од плус пет, 5-10. „Зебрите“ полека ја топеа негативата и стигнаа до 11-11, а потоа стапија на сцена Екберг и Билик, кои донесоа плус три, 16-13. На пауза се замина со водство за Кил, 17-14.

Кил поведе со 23-17, па 25-18 и домашните помислија дека се е готово. Но упорните гости не се откажуваа од борбата за позитивен резултат. Најпрво намалија на 30-28, но Рајнкинд и Пекелер за момент ја отстранија опасност со погодоците за 32-29 на пет минути до крајот.

„Зебрите“ оттогаш не погодија ниту еднаш, а примија дури три гола. Сепак последниот напад беше за Кил, но Рајнкинд не го реализираше. Останаа уште две секунди, но ПИК Сегед не упати удар и мечот заврши 32-32.

Најдобри стрелци кај Кил беа Пекелер со осум и Билик со седум гола, додека кај ПИК Сегед, пет гола даде Шоштариќ.