ПИК Сегед повторно е во карантин – виси дуелот со Вардар!

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед објави дека уште еден нивни ракометар е позитивен на коронавирус.

По враќањето од гостувањето кај Келце, и по направените нови тестови, утврдено е дека имаат седми позитивен ракометар во екипата.

По Бомбач, Мачковшек, Хенигман, Баниди, Бодо и Кашпарек, кои висеа за дуелот со Вардар, сега има уште еден, кој нема сигурно да настапи ако се игра дуелот со Вардар.

Сега сите останати членови на екипата се во карантин до добивањето на резултати од новите тестови. ПИК Сегед ги информирал Келце и Вардар за оваа ситуација, како и ЕХФ, па во наредните денови ќе биде познато дали ќе се игра средбата со Вардар.

Поради повреда во унгарскиот тим отсутни се Сигурмансон, Степанчиќ и Шоштариќ.