ПИК Сегед остана без Сигурмансон, Хенигман го продолжи договорот

Унгарскиот ПИК Сегед во првите денови од новата година објави за една продолжена и една прекината соработка.

Словенечкиот лев бек Ник Хенигман, кој дојде од Рибница во 2018 година и чиј договор истекуваше на крајот на оваа сезона, ќе го продолжи својот престој до 2023 година.

ПИК Сегед спогодбено го раскина договорот со левото крило од Исланд, Стефан Сигурмансон, кој беше повреден долго време.

Сега на таа позиција остануваат ветераните Јонас Калман и Мартин Страновски, но и нивните договори истекуваат на крајот на оваа сезона, па клубот веројатно деновиве ќе објави уште најмалку еден трансфер на лево крило.