ПИК Сегед е во карантин – по третпат!

Унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед не може да крене глава од коронавирусот. По третпат оваа сезона тимот на Хуан Карлос Пастор е во карантин!

По завршувањето на ЕХФ неделата и враќањето на ракометарите од националните селекции, ПИК Сегед организираше тестирање на Ковид-19.

Тоа покажа дека има тројца позитивни членови, и веќе се одложени натпреварите против Комло и против Ференцварош од унгарското првенство, а најверојатно нема да се игра ниту дуелот со норвешкиот Елверум од Лигата на шампионите.

ПИК Сегед одигра три меча во Лигата на шампионите и сите ги загуби, па се наоѓа на последното место на табелата во групата А.