ПИК Сегед го повлекува дресот со број 8 во чест на Калман

Швдскиот интернациналец Јонас Калман после крајот на сезоната ќе го напушти ПИК Сегед после седум години поминати во унгарската екипа.

39-годиншниот Калман со клубот освои шампионска титула во првенството на Унгарија, ги има освоено Купот на Унгарија и Купот на ЕХФ, а летово ќе ја промени средината.

Калман за времето поминато во ПИК Сегед постигна 325 погодоци и беше дел од најголемите успеси на екипата. Во негова чест управата на клубот одлучи дресот со број осум да го повлече од употреба во иднина.

Уште пред околу еден месец клубот му се заблагодари на Калман и објави дека неговиот договор нема да биде продолжен. На негово место Елверум во ПИК Сегед пристигнува Александер Блонц.