ПИК Сегед го закова Мешков Брест на дното!

Ракометарите на ПИК Сегед на гостувањето во Белорусија славеа победа против Мешков Брест со 28:25 во рамките од третото коло од Лигата на шампионите. За унгарскиот шампион ова беше втора победа во новата сезона во Лигата на шампионите.

Од првата минута, ПИК Сегед беше во водство, ја оправда улогата на фаворит и дома си замина со три освоени бодови. Почетната предност од 5:2 за гостинската екипа не беше некоја гаранција за сигурна победа. Домаќинот само за момент го израмни резултатот на 7:7 со голот на Микита Валјупов и константно заостануваше на минус два до три гола во првите 30. минута. На пауза, ПИК Сегед замина со предност од 16:12.

Во второто полувреме, Мешков Брест не можеше никако да фати приклучок и да се обиде натпреварот да го направи неизвесен. Унгарскиот тим влезе со предност од 26:22 во последните десет минути и успеа до самиот крај да го сочува своето водство.

Најефикасни во редовите на Мешков Брест беа Сташ Скубе и Владимир Врањеш со по четири гола. Во екипата на ПИК Сегед прв стрелец беше шпанскиот интернационалец, Иманол Гарсиандиа со седум гола.