Пешевски и Штутгарт загубија од финалистот во Лигата на Европа

Екипата на Штутгарт повторно доживеа пораз во Бундес лигата, овој пат од Фуксе Берлин со 25:28.

Ракометарите на Штутгарт беа рамноправен противник само во првото полувреме, а во вториот дел, Фуксе Берлин беше подобар и заслужено ги освои бодовите. На полувреме резултатот беше 15:10 за Фуксе Берлин.

Во вториот дел, Фуксе Берлин не дозволи изненадување и рутински дојде до победата. На овој натпревар репрезентативецот на Македонија, Жарко Пешевски беше меѓу главните стрелци во својата екипа со три гола.

Во моментов екипата во која настапува Пешевски на табелата се наоѓа на 14. позиција со 27 освоени бодови односно биланс од 12 победи, 18 порази и 3 нерешени средби.