Пешевски и соиграчите „изолирани“ на планина (ФОТО)

Тимот на Штутгарт, каде што настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски, веќе ги почна подготовките за новата сезона.

Пешевски и соиграчи се наоѓаат во австрискиот Тирол, на планина во комплексот „Зилертал Арена“.

Според фотографиите на социјалните мрежи, Пешевски и соиграчите од рано наутро до доцна навечер мислат само на ракомет.