Пешевски: Има играчи кои оставаат последна капка пот и крв…

Кружниот напаѓач Жарко Пешевски по дебаклот од Аргентина и поразот од девет гола разлика, 35-26, вели дека мора да се има поддршка за младите играчи.

Тој тврди дека има добра атмосфера меѓу играчите, дека не е случаен пласманот на големите натпреварувања.

„Не можам да кажам дека не сме работеле на подготовки, дека не сме добро подготвени, на овој турнир не го покажавме нашето вистинско лице, мислам дека во иднина мора да поработиме на тоа. Има атмосфера, но како нешто да се случува на теренот. Имаме многу млади играчи, мора да има поддршка од сите, ќе биде трнлив патот. Некои велат дека случјано сме се пласираме, не би рекол дека е така. Добро знаеме како поминавме, има играчи кои оставаат последна капка пот и крв, мислам дека ќе се подготвиме да го одиграме тој Президент Куп како што доликува. Различно е да, нема некои играчи, но тие веќе се пензионираа, треба да сфатиме дека повеќе ги нема Кире и Столе, мора сите да превземат одговорност за во иднина да биде подобро, да не се повторуваат вакви работи“, изјави Пешевски.

Македонија ќе игра против Алжир на првиот меч од Президент Купот на 19 јануари од 18:00 часот.